Националната стратегија за одржлив развој на Република Македонија, ќе биде претставена во понеделник во Охрид. 

Овој значаен стратешки документ има еколошки, економски и социјални димензии вели националниот коoрдинатор за изработка на Стратегијата, Дејан Пановски.

– Целта на Националната Стратегија е да доведе до рамнотежа на трите клучни фактори, односно трите столба на одржливиот развој: одржлив економски раст – и стопански и технолошки развој, одржлив развој на општеството на основа на постигнување социјална рамнотежа, заштита на животната средина преку рационално располагање со природните ресурси, спојувајки ги во една целина поддржана од соодветна институционална рамка, вели Паноски.

Со  Стратегијата, додава Паноски,  Македонија ја промовира визијата на националниот развој која понатаму ќе генерира инвестициони програми и ќе го подобри квалитетот на живот на сите граѓани и нивните поколенија.

Стратегијата за одржлив развој веќе е одобрена од Управниот Комитет и после промоцијата влегува во Владина процедура на усвојување.

Ohridnews