Најголемиот стадион во Македонија, националната арена „Филип Втори“ во најскоро време ќе го промени името во „Телеком Арена“.


Ребрендирањето на спортската гордост во Македонија ќе се официјализира наскоро со потпишувањето на неколку годишен договор со најголемата телекомуникациска компанија во нашата земја „Телеком“.

Неодамна, исто така најавено беше дека ново име ќе добие и најголемата спортска сала „Борис Трајковски“ во „ВИП Арена“ по договорената соработка со „Оне.Вип“.

Националната арена на големо се подготвува за Супер купот на Европа кој ќе се одржи во 2017 година. Во Скопје ќе се сретнат победникот од Лигата на Шампиони и Лигата на Европа.

Со ребрендирањето на најголемиот стадион и сала во Македонија се следи модниот тренд во светот на продавање на правата на имињата.

Такви примери има многу, стадионите на Арсенал, Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, Емирати, Етихад, Сигнал Идуна Парк односно Алијанц Арената.

„Таурон Арената“ во Полска, каде се одиграа финалните мечеви од Европското првенство во ракомет и многу други.

Мх.П.