Младинскиот совет на Охрид како дел од младинската коалиција СЕГА  со прес-конференција ја започна кампањата за имплементација на Националната стратегија за млади што ја усвои Владата на Македонија во декември 2005 година.
  
Имплементацијата на Националната стратегија  се уште не е почната, а анкетните истражувања што ги споведе Коалицијата СЕГА врз 927 млади на возраст од 14 до 30 години покажуваат дека 71 проценти од нив не знаат дека воопшто постои таков документ.
  
Кампањата ќе се спроведува во 10 градови, а во неа се предвидени  средби со градоначалници, со претставници од образовни институции, институции од областа културата и здравството, работилници  во средните училишта и факултетите, како и организирање јавен настан за промоција на стратегијата за млади.

Александра Ристоска