Под мотото „Можеш да ја контролираш астмата!“ во Македонија започна кампања за намалување на последиците од оваа болесат. Со проектот се предвидува формирање на локални центри за астма во повеќе градови во земјата, меѓу кои и во општата болница во Охрид.
Ширум светот од астма боледуваат околу 300 милиони, а во Македонија од 80 илјади до 100 илјади лица. До 2025 година се претпоставува дека дополнителни 100 милиони лица ќе имаат астма.
Астмата е едно од најчестите хронични заболувања на дишните патишта во светот, кое не може да се излекува, но може да се контролира.
Целта на лекувањето на астмата е да се постигне контрола на болеста и таа да се одржува. Со навремена дијагноза, редовна употреба на лековите, избегнување на ризик факторите и едукација како да се постапува во слулај на влошување на состојбата, секој што има астма може да има продуктивен, физички активен живот.
Г.М.