Натпреварот од првата рунда во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Силекс – Дрита 4-0 крена голема прашина во македонската јавност.


Според “Македонски спорт“ таа прашина стигна до европската куќа на фудбалот (УЕФА) која заедно со ФФМ и МВР ќе покрене постапка за тој натпревар.


Според новиот закон донесен непосредно пред почетокот на фудбалскиот шампион, ако се потврдат сомнежите за местење на натпревари казната е драстична со десет години затвор и доживотна забрана за вршење секаква дејност во фудбалот.

Мх.П.