При изведувањето на корнер од десната страна еден навивач на домаќините зеленото светло од ласерот го насочи кон лицето на Нани. Ваков потег не е прв пат во Франција, на натпреварот пред три сезони помеѓу Лион и Манчестер Јунајтед, на мета беше Кристијано Роналдо.
За ваквиот испад УЕФА покрена истрага, а под лупа се и навивачите на Манчестер Јунајтед кои палеа бакли и дивеаа на стадионот Велодром.