Дерби натпреварот од Првата Б лига во кошарка помеѓу АМАК СП и Карпош Соколи, што се играше синоќа во Скопје, е прекинат на 90 секунди пред крајот при резултат од 95:76 во корист на охриѓани.
Според првичните информации виновник за прекинот е клупата на Соколи, а во инцидентот предничел тренерот на Карпош Огнен Дедиќ. За крајниот исход (речиси сигурно службена победа на АМАК СП) ќе одлучува КФМ, а Дисциплинската комисија на федерацијата се очекува да ги изрече казните на актерите во синоќешниот прекин.
До овој натпревар, кошаркарите на АМАК СП имаат учинок од шест победи во исто толку натпревари и речиси се сигурни прволигаши и наредната сезона. За разлика од региуларниот дел од првенството кога АМАК своите натпревари ги играше во салата “Билјанини извори“ во Охрид, натпреварите од разигрувањето за опстанок АМАК ги игра во Скопје поради недоразбирања на релација управа-спортска сала Охрид.
Г. Момироски