Натпреварите во Првата македонска фудбалска лига од новата сезона ќе бидат емитувани на регионалната балканска телевизија „Арена“.
„Арена“ ексклузивните права од Фудбалската федерација на Македонија ги откупи за 150 000 евра. и успеа да го претрка „Спорт клуб“ кој исто така беше во игра за правата. ФФМ како што најави нема да ги земе парите, туку ќе ги распредели на клубовите кои се дел фудбалската елита оваа сезона.
Регионалната телевизија ќе диктира со термините, што значи дека мечевите во Првата МФЛ нема да се играат само во недела, туку кога ќе наложи сопственикот на ТВ правата.
Ваквиот потег на ФФМ и клубовите е правилен потег и конечно мора да се признае дека фудбалот во нашата земја направи чекор кон позитивниот колосек, откако години наназад го немаше во живо на некоја национална телевизија.
OhridNews