Во оддалечен паб на северозападот на Англија започнал натпревар за титулата најголем лажго на светот. Годишниот натпревар се одржува во „Бриџ Ин“ пабот во Сент Бриџ. Натпреварувачите имаат пет минути да ги импресионираат судиите со уверливи, но и духовити лаги.
На политичарите и адвокатите им било забрането да учествуваат, бидејќи сметаат дека имале неправедна предност. Минатогодишен победник бил еден работник во нуклеарна централа кој измислил лага дека со принцот Чарлс се натпреварувал во трка со пожави. Натпреварот е основан во чест на сопственикот на пабот од 19 век Вили Ритсон кој бил познат по своите нечуени приказни.