Сумо борачите и оваа година се собрале во еден храм во Токио за да учествуваат на традиционалниот натпревар во плачење на бебиња, на јапонски наречен Наки Сумо. Натпреварот не претставува никаква нова мода, бидејќи постои веќе 400 години. Сумо борачите овде се натпреваруваат на начин кој е сосема спротивен на оној кој им е својствен. На борилиштето излегуваат по двајца и секој од нив држи бебе кое се обидува да го натера да плаче што подолго и што погласно.
Плачот на бебињата го мерат судии, а победува најгласното бебе. Според традиционалното јапонско веруање, натпреварот во плачење на децата им гарантира добро здравје. Додека бебињата плачат, мајките се молат за да ги истераат злите духови. На овогодинешниот натпревар учествувале 80 бебиња.