Обично во нашите краеви, кога бебето ќе заплаче, родителите се спремни да сторат се за да го смират. Во Јапонија, меѓутоа, се случува спротивното, бидејќи во културите на овие земји плачењето на бебето има моќ да ги протера злите духови и е знак за добро здравје. Во склад со овие верувања, неодамна е одржан 400 години стар Наки Сумо фестивал на кој бебињата се потикнуваат да плачат што е можно подолго и посилно.

На помош на родителите им приоѓаат и сумо борачите кои со страшни гримаси и звуци предизвикуваат плач кај децата. Победникот на натпреварувањето е бебето кое најдолго и насилно плаче, иако повеќе може да се каже дека тоа е родителите, кои веројатно со месеци не се наспале прописно.