Во градот Тарта во Естонија бил одржан натпревар во ловење комарци на кој учествувале 40 натпреварувачи. По десетминутно натпреварување, победил Рауно Лексеп, кој успеал да сплеска 38 комарци, а имал и отприлика исто толку убоди. Натправарот бил одржан за симболично да биде намален бројот на комарци во градот.


Натпреварувачите можеле да ловат сами или да имаат помагачи. Биле дозволени сите можни техники. Епилогот од натпреварот бил 480 мртви комарци, а победникот како награда добил тридневно едрење по езерото Пеипус.