Организаторите на месниот фестивал во гратчето Бити во американската сојузна држава Монтана одлучија да одржат и натпревар во лажење.

Бројот на учесници ќе биде ограничен и ќе можат да се пријават само таканаречени аматери. Тоа всушност ни кажува дека право на учество нема да имаат оние кои лажат во своите професии, како адвокати, политичари или продавачи на медицински препарати.