Во едно село недалеку од англиското гратче Дорсет се собрале 1000 луѓе за да навиваат за еден од 65-те натпреварувачи на светското првенство во јадење коприви. Пред повеќе од 20 години двајца англичани се скарале чии коприви имаат подолги стебла. Од таа препирка произлегол натпреварот кој се одржува секоја година. Победник е оној натпреварувач кој ќе изеде повеќе стебла.
Рекордерот Симон Сли вели дека навистина се со грозен вкус и дека неколку дена после тоа од вас се што излегува е бледо зелено. Тој изџвакал неверојатни 23 метри коприва. Натпреварувачите во текот на натпреварот не смеат да одат во тоалет. Изминатите години доаѓале луѓе дури од Канада и Австралија само за да го гледаат натпреварот.