На светското првенство во фудбал англичаните не успеаа да докажат дека се најдобри, но затоа нивната екипа победила на светското првенство во гаѓање со јајца. Во завршницата на натпреварот учествувале тимови од Англија, Германија, Холандија и САД, а англичаните триумфирале во четири од петте можни категории.


На првенството учествувале повеќе од 200 натпреварувачи, а користени биле средновековни направи слични на катапултите. Јајцата летале со брзина поголема од 160 километри на час, а метите биле оддалечени повеќе од 120 метри. Целокупниот приход од натпреварот е уплатен на сметката на Црвениот Крст.