Јапонецот Такер Кобајаши изел најмногу и најбрзо од своите конкуренти. Се натпреварувале кој ќе изеде повеќе пици во 6 минути. Кобајаши, петкратниот првак во јадење хотдогови изел пет цели и три четвртини од пиците. Неговиот најголем конкурент Џо Честнат од Калифорнија изел пет цели и една половина.
Изјавил дека е разочаран и дека најголемата цел му била да го победи Кобајаши. Јапонецот изјавил дека обожува пици и дека секогаш ги јаде во САД. Вели дека поради повредата на устата ќе се натпреварува само уште еднаш во јадење хотдогови и дека потоа ќе се пензионира.