Europe Housе отвора натпревар ” Greenfilm” наменет за млади ентузијасти кои се залагаат за животната средина. Натпреварот е наменет за учесници од 15-25 години кој треба да креираат кратки филмови од 30 секунди до 3 минути. Филмовите треба да ги идентификуваат проблемите поврзани со животната средина.
Како можете да ja визуелизирате грижaта за животната средина и да бидете наградени за вашиот труд со професионална камера? Не` интересира за проблемите и потенцијалните решенија поврзани со животната средина од ваша перспектива. Размислувајте на креативен начин за предизвиците и проблемите поврзани со животната средина и искористете ја шансата да ги истражите личните можности/ афинитети во светот на филмот. Искористете ја креативноста, приклучете се и придонесете за решавање на овој проблем, велат од Europe House. Видеото може да биде во кој било формат (анимација, документарец итн.), може да биде вербално или невербално.
Филмовите може да се снимаат со кој било уред за снимање: камера, телефон, ipad итн. Крајниот рок за аплицирање е 1 декември 2021 година. Финалниот производ (филм) треба да се испрати на е-маил адресата на Europe House: [email protected] како vimeo, youtube или dropbox линк.
Професионалното жири ќе селектира 10 најдобри филмови кои ќе имаат своја премиера на филмска вечер. Филмот кој ќе биде одбран како најдобар ќе биде награден со професионална камера.
Право на учество имаат сите македонски граѓани, млади од 15 до 25 години. Учесниците не треба да имаат претходна обука како филмаџии. Конкурсот е отворен од 00:00 часот на 28.10.2021 година до 00:00 часот на 01.12.2021 година.
OhridNews