Под мотото ’’ Да ја вратиме рибата во каналот Студенчишта” викендов се одржа двомеч натпревар во дисциплината лов на јадица со пливка.
На првиот двомеч од планираните триесет во 2009-та година СРК ’’ Св Апостол Петар “ се натпреваруваше со екипата на СРД “Црна Река” од Битола.
Екипно првото место го освои СРК „Свети Апостол Петар“. Во поединачен пласман златото го освои Ангеле Галиот а среброто Душко Крстески, натпреварувачи на СРК „Свети Апостол Петар“. Бронзениот медал замина кај Ристе Костоски од Црна Река Битола.
За време на натпреварот фрлена е поголема количина на прихрана се со цел малата количина на риба која е останата во каналот да се задржи на зимување, велат спортските риболовци.
Организатор на натпреварот беше клубот „Свети Апостол Петар“.
Ohridnews