Полицијата во аеродромот на малезискиот град Куала Лумпур уапсила жена која се обидела да прокриумчари кокаин со помош на пешкири.

Полицијата не го открива идентитетот на жената но објавува дека пристигнала од Бразил. Таа се однесувала сомнително, па цариниците извршиле детален преглед на нејзиниот багаж при кој се пронајдени 10 пешкири натопени со течен кокаин.


„Секој пешкир тежеше отприлика по килограм и половина, од што еден килограм беше дрога“, вели еден од полицајците. Жената тврди дека не знаела дека пренесува дрога бидејќи пријателите ја замолиле да го предаде тоа кога ќе стигне.

Ако биде прогласена за виновна поради криумчарење на дрога би можела да добие смртна казна.