„Искуствата на националните безбедносни авторитети од подготовките и по зачленувањето во НАТО“  е тема на втората Меѓународна конференција, што во организација на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации – ДБКИ, денеска започна во Охрид.


Класифицираните информации во РМ се регулирани со Законот за класифицирани информации, а за што подобра нивна заштита се преземаат голем број активности, истакна директорот на ДБКИ, Лидија Костовска

– Во таа насока пред се се оди на обучување на луѓето кои што работат со класифицирани информации. Можете да преземете секакви мерки од сите аспекти на безбедноста – административна, информатичка, физичка, индустриска, меѓутоа доколку луѓето не се доволно обучени и на је сфатат потребата од заштита на класифицираните информација во интерес на државата, во тој случај нема да има успех, рече Костовска.


На конференцијата учествуваат педесеттина претставници од националните безбедносни структури од 14 држави и на НАТО.

Ohridnews