Советот на НАТО побара од Русија да престане со воздушните удари во Сирија и итно да го сопре влетувањето на руските авиони во турскиот воздушен простор, со констатација дека се работи за опасно и неодговорно однесување, јавува „Макфакс“.
Амбасадорите на државите членки на НАТО, кои на повик на генералниот секретар Јенс Столтенгберг вчера одржаа во понеделникот во Брисел вонреден состанок, побараа од руското воено воздухопловство да го сопре бомбардирањето на сириските градови Хомс, Хама и Идлиб, во кои, како што се наведува во соопштението, страдаат цивили и припадници на сириската опозиција, а не терористи од Исламската држава.
„Ги повикуваме Русите веднаш да ги прекинат ваквите напади и да се насочат на борба против Исламската држава и пронаоѓање на решение за конфликтот низ мирна транзиција“, соопшти Советот на НАТО.
OhridNews
извор:„Макфакс“