Еден од тројцата повредени ученици во денешната масовна тепачка помеѓу средношколците Македонци и Албанци од гимназијата„Ибрахим Темо“ во Струга, е задржан на понатамошно лекување, а двајца по укажаната помош се пуштени на домашно лекување, информираше д-р Мирко Лекоски – хирург во градската болница во Струга.


Некаде околу пладне во градската болница беа донесени тројца ученици повредени во масовна тепачка. Сите имаат лесни телесни повреди. Двајца од нив по укажаната помош се пуштени на домашно лекување, а еден од учениците со повреди на носот и главата е задржан на понатамошно испитување, ни изјави д-р Мирко Лекоски.

Инцидентот кој ја вознемири струшката јавност го осуди директорот на „Ибрахим Темо“, Муса Мусаи, кој денеска ги посети повредените ученици.

Ги осудувам сите што учествувале во инцидентот, изјави директорот на училиштето, Мусаи.

– Учениците учеа во хармонија изминатиот период и веројатно некој се има вмешано во случајот. Кој е тој засега немам точни информации, но ќе дадам изјава за тоа кога ќе се расветли случајот, рече Мусаи.

Министерот за образование, Перо Стојановски, кој денеска беше во работна посета на Охрид, го осуди инцидентот.

За жал денеска имало инцидент во Струга. Она што го имам како првична информација, инцидентот се случил надвор од ичилиштето. Ние сме во постојана комуникација со МВР, кое ги презема сите активности кои што се во негова надлежност и во најскоро време, полицијата ќе ги идентификува лицата, кои што биле вклучени и ќе ги видиме мотивите, поради кои настанала тепачката, рече Стојаноски.

Како што информиравме претходно, масовната тепачка помеѓу ученици Македонци и Албанци од втора година во гимназијата „Ибрахим Темо“, се случила околу пладне во близина на старата пожарна во Струга. Во тепачкатаучествувале 60- ученици Македонци и
Албанци, а покрај тупаници
во судирот биле употребени  и разни тврди предмети. Подебелиот крај
го извлекле тројца ученици.

Масовната тепачка се случи едвај десетина дена по воведувањето на посебни јазични
смени во средното техничко училиште „Нико Нестор“, со што се зголемуваат сомневањата дека
проблемот кој со години тлее во струшките средни училишта не е само
образовен.

Ohridnews