Холивудската ѕвезда Натали Портман и францускиот кореограф Бенжамен Милпје ќе се венчаат ова лето во Калифорнија, навеле медиумите повикувајќи се на изјава на близок пријател на познатиот пар. Според медиумите, свадбата била закажана за 5 август, а ќе се одржи во популарната туристичка дестинација Биг Саут во Калифорнија, омиленото место за одмор на Натали Портман.
Актерката наводно не планирала да организира голема свадба, па дури и немала намера да купи нов фустан. Таа некогашниот првак на Њујоршкиот балет го запознала на снимањето на филмот „Црниот лебед“ за кој добила и Оскар. Во јуни минатата година парот го добил синот Алеф. Оваа вест ги демантирала гласините дека Натали Портман и Милпје тајно се венчале минатиот февруари.