Актерката Натали Портман за британскиот весник „Телеграф“ истакнала дека ужива во мајчинството и дека тоа потполно ја променило, откако пред две години со сопругот, кореографот Бенџамин Милпи го дибила синот Алеф. Убавата оскаровка открила дека пример во одгледувањето на детето и биле родителите, покрај кои секогаш се чувствувала заштитено и пријатно.

Филмската ѕвезда истакнала дека сега помалку ги осудува луѓето отколку кога немала дете, бидејќи најважната работа која ја спознала е дека родителството е целосно поинакво искуство за секоја личност. Додала дека и се допаѓа улогата на мајка и дека нејзините родители биле прекрасни, во целост посветени, и и давале љубов, па дури сега видела колку многу ја штителе. Била среќна што имала нормален живот.