Актерката Натали Портман се нашла во центарот на озборувањата дека ставила силиконски гради, бидејќи на еден рагби натпревар ги покажала своите бујни гради. Во филмот „Црниот лебед“, на пример, таа носела трико под кое се оцртувала значително поскромна фигура, па обожавателите се сомневаат дека неодамна подлегнала на естетска операција. Атрактивната актерка со својот изглед привлекувала безброј погледи на натпреварот во Тексас кој го следеле повеќе од 100 илјади лица.
Алктерката се појавила во чипкана деколтирана маица, која во прв план го истакнала нејзиното деколте. Присутните не пропуштиле да забележат дека градите и се доста бујни, па се запрашале дали станува збор за силикони. Таа пак, тврди дека градите и пораснале кога почнала да го дои синот Алеф минатиот јули, но фановите не се убедени дека новиот изглед е сосем природен.