Натали Портман одлучил да се повлече на некое време од светот на глумата поради бременоста. Актерката која неодамна ја доби наградата Златен Глобус за улогата во филмот ‘Black Swan’, се откажала од снимањето на филмската екранизација на новелата ‘Cloud Atlas’.
Непознат извор близок на актерката изјавил дека а три години снимила осум филмови и дека сега ќе оди на заслужен одмор. Минатиот месец актерката изненадила со веста за бременоста и скорашната венчавка за кореографот Бенџамин Милпид, кој го запознала за време на вежбањето на кореографијата за филмот за кој го доби Златниот Глобус. За истата улога е номинирана и за овогодинешното доделување на Оскарите.