Актерката Натали Портман родила син, чиј татко е кореографот кој го запознала на снимањето на филмот “Црн лебед“, за кој обила Оскар, пишува списанието „Пипл“. Засега не е познато каде и кога се родило момчето.


Портман, која минатата седмица наполнила 30 години, соопштила во декември дека е бремена и дека има намера да се венча за францускиот балетан и кореограф Бенжамен Мијпјед. Актерката светска слава стекнала во филмот „Професионалец“, а се појавила и во новата триологија на „Војна на звездите“.