Актерката Натали Портман на романтичниот меден месец го повела и синот Алеф кој има петнаесет месеци. Актерката и нејзиниот сопруг, кореографот Бенџамин, за одмор ги избрале островите Туркс и Каикос на Карипското Море.

Парот во август се венчал во приватна куќа во Биг Сур во Калифорнија шест месеци откако на доделувањето на оскарите ги покажале своите веренички прстени. Се венчале на церемонија во мрак според еврејската традиција. Парот се запознал на снимањето на филмот „Црниот лебед“.