Списанието Плејбој го посветило априлското издание на листата најсексипилни жени на светот меѓу кои свое место нашле Натали Портман, Ким Кардашиан, Џенифер Лопез и Мишел Вилијамс. Уредниците избрале 27 најубави жени за кои тврадат дека зрачат и дека се искусни жени кои се најдобри во она што го работат.


Имињата на листата не се подредени по редни броеви, така да Плејбој не погрешил ниту за една убавица на кое место би се нашла. Свое место на листата исто така пронашле и Памела Андерсон, која дури 13 пати била на насловната страна на списанието, но и зајачиците Хоуп Дворацки, Холи Медисон и Кендра Вилкинсон. Исто така таму се нашле и актерките Натали Портман, Софи Монк, Тара Рид, Кели Брук, Мишел Вилијамс, Меган Фокс и Скарлет Јохансон.