Натали Портман наскоро  ќе ја гледаме на нашите екрани во продолжението на Thor – The Dark World. Оваа ѕвезда кажува дека нема да биде долго пред Марвел да не изненади со филм за женски суперхерој.


“Дефинитивно постојат многу силни жени” изјави Портман за SciFiNow, “ќе биде многу возбудливо кога во филмот централен лик ќе биде жена”.

“Слушнав дека набргу доаѓа нов и возбудлив филм” – рече таа. “Марвел дефинитивно имаат силни женски ликови, а за тоа се доказ луѓето кои работат во Марвел, тие имаат голема почит кон жените”.

Премиерата на Thor – The Dark World е на 30 октомври 2013 година.