Актерката Натали Портман најверојатно ќе ја игра сопругата на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, Џеки. Филмското студио кое го реализира овој проект моментално е во преговори со актерката, бидејќи сака токму таа да се појави во улогата на некогашната прва дама на САД во драмата со наслов „Џеки“.

Дејството на филмот го следи животот на Џеки Кенеди по атентатот врз нејзиниот сопруг во Далас 1963 година. На Натали Портман наводно и се допаднало сценариото за филмот, но планирала да сочека со одлуката, додека не се најде режисер кој ќе одговара.