Актерката Натали Портман наскоро ќе добие поштенска марка со својот лик, која ќе биде штампана од здружението за заштита на правата на животните ПЕТА. ПЕТА ќе направи поштенски марки со ликовите на 20-те најпознати светски вегетаријанци, меѓу кои покрај Натали Портман уште се и Пол Мекартни, Памела Андерсон и Лиона Луис.

Лиза Леинџ од ПЕТА изјавила дека сите луѓе на марките биле многу влијателни, и дека малку луѓе на светот знаеле дека тие се вегетартијанци. Таа смета дека оваа специјална едиција на поштенски марки ќе укаже на загрозеноста на животните кои се праќаат во кланица, и дека сите луѓе во ПЕТА се надеваат како што повеќе лица ќе се одречат од јадењето месо. Овие марки ќе се најдат во продажба ширум САД оваа седмица.