Затвореник од казнениот дом во Бафало останал без заб обидувајќи се да ги раздели двајцата чувари кои се карале поради чипс. Чуварите кои таму работеле повеќе од 50 години, по тепачката се суспендирани од работа.


Настраданиот затвореник го одвеле во болница, но набрзо се вратил во затвор. Тој раскажува дека се вклучил во тепачката бидејќи не сакал чуварите да останат без работа.

Локалниот шериф изјавил дека истрагата е во тек, а се очекува да биде изречена и дисциплинската мерка за чуварите.