Уште еден во низата уништени патокази, ќе влезе во регистарот на немили настани во нашиот град. Последниот случај го евидентираше нашиот читател Горан, синоќа на крстосницат кај „Комерцијална банка“. Непознат сторител добро го средил патоказот кој е најновата жртва на вандалското однесување на поединци. Неодамна ваков случај регистриравме кај х. „Дончо“, а речиси и да нема населба каде од време на време не се случуваат вакви инциденти. За жал тоа стана дел од охридското секојдневие.


Настрада уште еден уличен патоказ

Ohridnews