Охриѓанецот Климент Настоски ќе ја зголеми македонската колонија во Чешка. Настоски (21)  е пред потпишување на договор со чешкиот Бохемијанс.
 
Пред недела дена бев на проба во Чешка и откако најдовме заеднички јазик на крајот на месецов заминувам за да го официјализираме договорот – ни изјави Настоски.

Настоски кој потекнува од Охридската фудбалска школа, четири години помина во  Белградски Партизан. Настапуваше во филијалата на црно-белите Телеоптик, како и тимот на Динамо од Врање.

Изминатата сезона го носеше дресот на македонскиот шампион Прилепска Победа.

Во Чешкиот шампионат со голем успех настапува уште еден охриѓанец , Гоце Толески, кој е на чекор до освојување на титулата

М.Постоловски