Тој вели дека одговорноста за несреќата треба да ја утврдат истражните органи и дека не треба да се донесуваат избрзани заклучоци пред да заврши истрагата.
Како институција имаме свое мислење за причините за несреќата, но некоректно и непрофесионално е да говориме било што пред да заврши истрагата, вели Настоски. Секој за кој ќе се докаже дека има вина за несреќата треба и да одговара, додава Настоски, посочувајќи дека е подготвен да поднесе оставка од функцијата доколку истрагата утврди пропусти во работата на Капетанијата кои ја предизвикале трагедијата од 5-ти септември.
Истрагата за најголемата бродска несреќа на Охридското Езеро треба да биде заокружена со резултатите од вештачењето на бродот „Илинден“, на што работат професори од Машинскиот факултет од Скопје и експерти од Словенија и Хрватска.