Охриѓанецот Климент Настоски на стартот на новото првенство ги засили редовите на сараевскиот  Олимпик. Поранешниот играч на Победа имаше успешен старт по првите 4 кола, но потоа следуваше повреда  која го оддалечи од терените.

Морав да одам на операција  од брух која ме оддалечи од теренот. Сега сето тоа е позади мене почнав со индивидуални тренинзи и очекувам деновиве да и се приклучам на екипата – вели Настоски.

Како и повеќе првотимици на Олипмик, така и Настоски за прв пат настапуваа во Босанската Премиер лига.

Добро се адаптирав овде, мислам дека имаме  екипа кој може да се избори за излез  во Европа – вели Настоски.

Олимпик по 11 одиграни кола со 18 поени се наоѓа на петтото  место на табелата.

М.П.