Охрид мора да има информатичко-технолошка зона и мора да биде пример за дигитална општина. Општина во функција на подобрување на квалитетот, достапноста и брзината на услугите во интерес на граѓаните. Гарантираме отворање на информатичко-технолошка зона која нуди субвенции, бесплатни канцеларии за поединци и компании наменети за ИТ секторот, рече на денешната прес конференција, Александра Настоска-Николоска, кандидат од советничката листа на ВМРО ДПМНЕ Охрид и коалицијата.

Во рамките на зоната се планира формирање на центар и простории за старт ап компании. Со понатамошна нејзина промоција ќе се поттикне привлекување на големи странски компании од областа на ИТ секторот. Општина Охрид мора да прерасне во информатичко-технолошка општина, достапна за сите во секое време, рече на денешната прес конференција, Настоска-Николоска.

Вели дека за таа цел предвидуваат основање општински инфестиционен фонд за компании, којшто ќе помага и ќе поддржува развој на иновативни проекти кои се во насока на зајакнување на локалната економија, со акцент на иновативни технологии и иновативни старт ап компании.

Ганатираме дигитализација „Смарт сити“. Една од најважните заложби е дигиталната трансформација на општина Охрид преку поставување на бесплатен бежичен интернет на повеќе локации во градот, просторно уредување на инфор биро на влезот на градот. Се обврзуваме да го воведеме концептот „Паметен град“ преку развивање софтвери за поефикасно функционирање на општината. Во таа насока ќе обезбедиме унифициран софтвер за овој концепт, додава Настоска-Николоска.

Предвидуваме и воведување унифициран електорнски податочен систем за управување и следење на документи од страна на надлежните и граѓаните кој ќе овозможи потранспарентен пристап на следење на секој документ кој влегува во општинаската архива, додава Настоска-Николоска.

Н.С.Ј.