ВМРО-ДПМНЕ ги најавија проектите кои се дел од нивната програма со кои ќе се подобри животот на жителите во с. Лакочереј.
Изградба и доизградба на канализационен систем во Долно и Горно Лакочереј. Асфалтирање на главни и споредни улици и проширување на дел од нив, одржувањето на улиците во Долно и Горно Лакочереј ќе биде наша континуирана задача и обврска, вели кандидатката за член во Советот на Општина Охрид, Александра Настоска-Николоска.
Таа најави изградба и реконструкција на детски современи игралишта во Долно и Горно Лакочереј, потенцирше дека се обврзуваат за реконструкција на ПОУ „Кочо Рацин“, а за Горно Лакочереј гарантираше санација на Домот.
OhridNews