И покрај незадоволствата поради малите плати, наставниците се најсреќни работници во Велика Британија, покажало едно истражување со кое биле опфатени 2000 лица со разни занимања. Според медиумите, должината на годишниот одмор, односот со колегите и работно окружување биле некои од причините кои навеле 83 проценти од просветните работници да изразат задоволство од работата со која се занимаваат.

Како единствена замерка, британските наставници го навеле отсуството на бенефиции и бавното напредување во кариерата. Втори на листата најзадоволни работници се секретарките, а трети инженерите. Ен Хејдон, директорка на едно средно училиште во Лондон, рекла дека задоволството од работата произлегува од можноста нешто да се постигне, а тоа се чини поважно од парите кои ќе ги примат на крајот од месецот.