Во рамките на програмата „Интеграција на еколошкото образование во македонскиот образовен систем“, во Охрид,во тек е  обука за наставници/професори – координатори  од основните и средните училишта од земјата.

Обуката, која зтрае до 16.12.2010 вклучува 78 основни училишта и 23 средни училиште од републиката, поделени во четири групи. Преку неа наставниците/професорите – координатори подетално ќе се запознаат со програмата која се фокусира на еколошко, економско и домаќинско менаџирање на училиштните згради и градење еколошка култура преку практичен пример на однесување и грижа кон сè што нè опкружува.

Програма ја спроведува Министерството за образование и наука во соработка со Швајцарска агенција за развој и соработка и поддршка од Здружението на граѓани ОХО односно програмата „Немаме резервна планета“. Таа, низ својот 3 годишен  циклус, ќе ги опфати сите образовни институции во Република Македонија, почнувајќи од градинките па сè до училиштата за средно образование. Пред учесниците свое обраќање ќе има и Директорот на програмата „Немаме резервна планета“ – Александра Младеновска Костиќ како и претставници од Министерството за образование и наука.

OhridNews