Тие учествуваат на семинарот што го организира ОБСЕ, кој има за цел зајакнување на капацитетите на идните професори на наставници при работа со деца од мултиетничко општество.
– Од исклучително значење е инвестирањето во човечките ресури кои ги образуваат и воспитуваат младите луѓе. Тоа подразбира и неформални обуки на сегашните и идните наставници, реализација на практични искуства, но и изнаоѓање нови капацитети кои дополнително ќе го зајакнат взаамно поврзаниот процес наставник-ученик, истакна министерот за образование Никола Тодоров на отворањето на семинарот, што започна синоќа.
Тодoров посочи дека Министерството разработува нов концепт на подготовка на идниот натавен кадар, кој предвидува и основање посебна академија за обука на наставници, стручни соработници и воспитувачи.