Поседувањето на способност за владеење со компјутерите, странските јазици, технолошката  и еколошка култура, како и вештината за претприемништвото, го прават наставникот современ учител и личност, која  како лидер, ќе биде пример и идол за своите ученици и ќе ги мотивира да учат. Ова беше истакнато на трибината, “Развивање на вештините за лидерски сподобности кај профеорите”, која се одржа вчера во училиштето “Ванчо Николески” во село Лескоец. Оваа трибина е дел од таматиката “Квалитетно училише-Квалитетно учење”, која се обработува во рамки на Проектот за модернизација на училиштата.


д-р Константин Петковски, професор на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, кој ја водеше трибината, како најважна ал ка во односот меѓу наставниците и учениците  ја потенцираше моќта  на Емоционалната интелигенција.

-Емоционалната интелигенција е вештина на  управување со своите и со туѓите емоции, вештина за одржување на добри меѓучовечки односи и на позитивна клима во училиштата. Тоа е  интелигенција со срце и со позитивна енергија која ефектира успех и квалитетно образование.-рече Петковски, објаснувајќи дека ако рационалната  интелигенција претставува знаење и познавање, тогаш емоционалната интелегенција претставува  вештина и способност да се примени тоа знаење  во различни ситуации.

Во интерактивната дикусија покрај современиот начин на предавање и темите од професионалната природа, наставниците кои учествуваа на трибината го отворија и прашањето за преоптовареноста со наставни програми, како и  за воведеното екстерно оценување, кое според нив,  ја девалвира наставничката  професија.


-Наставниците  не се единствен фактор  во воспитно-образовната дејност,  ниту за учењето  или неучењето на учениците. Треба да постои споделена одговорност помеѓу сите субјекти кои учествуваат во образовниот процес, при што  секој од нив откако ќе си го сработи својот дел , со ќе си го првеземе и делот од одговорноста. –  рекоа наставниците.

OhridNews