Наставниците од ООУ „Братство единство“ Фахрије Реџеп, Сезен Тајип, Бејза Шашко и Ајнет Пашо Офламаз постигнаа извонреден успех на натпреварот на кој учествуваа со нивните Е- твининг проекти за кои ја добија наградата „Европска ознака за квалитет“, наменета за училишта во Европа.
Проектите вклучуваат ученици на возраст од 7 до 14 години. Имаат за цел учениците да учат да читаат и пишуваат, да се применуваат забавни семејни активности и да се применат симпатичните и функционалните аспекти на природните и општествените науки. Исто така, проектите имаат за цел да им покажат на децата како да се забавуваат додека учат нови информации и ги поминуваат лекциите попродуктивно, информираат од ОУ „Братство Единство“.
Покрај тоа што стекнуваат ново знаење, преку вакви проекти, децата ја учат важноста да се биде дел од тимот и да се подобруваат себеси преку стекнување партнери од различни училишта.
OhridNews