„Сакам да им честитам на сите и на професорите и на родителите и на учениците бидејќи ова е единствениот начин како треба заеднички да се решаваат проблемите“, рече Мерко.
Рамиз Мерко
Единствен проблем според него годинава е просторот во училиштата кој е претесен да ги прими сите ученици, бидејќи средното образование од оваа година е задолжително. Најверојатно дел од гимназиските паралелки ќе бидат префрлени во одморалиштето„Мајски цвет“ кое државата секој момент очекува да го поврати во свое владение.