Наставата во општинскиот средношколски училишен центар „Нико Нестор“ во Струга до крајот на школската година ќе се одвива во две посебни јазични смени, а ќе почне да се променува од утре, одлучи Министерството за образование.
Од утре јазични смени во ОСУ „Нико Нестор“
Како што информираше директорката на „Нико Нестор“, Маре Савеска, одлуката за воведување на јазничните смени ја донел Училишниот одбор на 26 февруари 2008 година, а сега само се применува. Таа им била јавно соопштена на професорите на седницата на Наставниот совет денеска, на која присуствувале и министерот за образование Перо Стојановски и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.
јазичните смени ќе ги намалат тензиите – Маре Савевска
Директорката Савевска рече дека услови за воведување јазични смени во „Нико Нестор“ има и дека тоа ќе придонесе кон намалување на тензиите во училиштето. „ Со ваквата поделба само ќе се зголеми безбедноста на учениците, ќе се намалат меѓусебните тепачки и со тоа ќе почне дружењето меѓу учениците, а проектите за соживот во кои учествуват ученици албанци и македонци продолжуваат и ќе бидат интензивирани“, рече Савевска.
Албанците се против јазични смени – Ресул Бектеши
За разлика од директорката, професорите Албанци сметаат дека наставата треба да продолжи во заеднички смени. „Нашите деца треба да учат заедно, да се дружат, а не да се делат. Не е добро да се вршат поделби меѓу учениците кои утре треба заедно да живеат тука во истиот град. Такво е мислењето и на учениците и професорите-Албанци, но и на меѓународниот фактор“, изјави професорот Ресул Бектеши.