Теквондо клубот Мастер од Охрид со две свои преставнички учествуваше на Меѓународниот турнир кој се одржа на 25 и 26 ноември во бугарскиот град Благоевград.
Боите на охридскиот клуб ги бранеа Верица Танкоска и Ана Милошеска кои за прв пат учествуваа на натпреварување од ваков вид. По голема и рамноправна борба двете охридските преставнички отпаднаа во првото коло, но акумулираа искуство кое понатаму ќе им биде од голема полза.
– Само учество на турнирот кој котира меѓу А класата е награда за двете наши натпреварувачки. Без разлика на раната елиминација јас како тренер сум задоволен од постигнатото, бидејќи девојките покажаа желба и волја за борба, што е за поздравување. – изјави Саша Попоски.
На турнирот во Бугарија учествуваа 54 клубови од цела Европа, а на терените за борба продефелираа околу 470 теквондисти.
OhridNews