Под знаш прашалник е доведен настапот на охриѓанката Нина Балабан на Европското првенство во Москва, Русија кое ќе се одржи за месец дена.

Денеска истекува рокот за пријавување на стрелците кои ќе бидат дел од европскиот собир во Москва, од охридскиот клуб немаат никаква информација дали Балабан е пријавена за учество од Федерацијата, која суште ќути на ова прашање.

Покрај тоа иако веќе првиот месец од годината е пред изминување тие уште го немаат донесено календарот за натпревари за 2014 година.

Во недостаток на настапи од европски и светски ранг, клубот прави максимални напори да ги одржи стрелците во форма, вклучувајќи ги на вакви меѓународни турнири.

Охридскиот клуб со свои финансиски средства без никаква помош од федерацијата ја одржува високата форма на стрелците за да бидат 100% подготвени за подобро преставување на градот и државата на натпревари од светски ранг.

Михаил Постоловски