Кајли Миног и Џејсон Донован настапиле заедно после 23 години. Песната по која станле познати, ‘Especially For You’ ја извеле во петокот на сцената на лондонската О2 арена. Овој австралиски пар, кој славата ја стекнал толкувајќи ги Шарлен и Скот во серијата „Соседи“ сеуште одлично звучат и изгледаат.
‘Especially For You’ е голем хит од 1988 година кој бил продаден во милион примероци во Велика Британија. Миног и Донован настапиле заедно во чест на еден хуманитарен настан, од кои собраните пари ќе одат за фондации кои се занимаваат со истажување на ракот во Велика Британија.