Заврши Новогодишната регата „ Еврокуп за класата Ласер“, која редовно на почетокот на годината се одржува во Хвар, Р. Хрватска.  

Македонија се најде најде помеѓу 19 земји учеснички на Еврокупот заедно со: Русија, Швајцарија, Германија, Хрватска, Австрија, Италија, Словенија, Црна Гора, Унгарија,Франција, Финска, Израел, Украина, Турција, Португалија, Литванија, Србија и Украина.

Вкупно 124 претставници од овие земји ги одмерија силите во трите класи : Ласер Стандар, Ласер Радијал и Ласер 4.7 .

Нашиот едриличар Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР – Струга, во кокуренција од вкупно 62 едриличари  во класата Ласер 4.7 го освои 55 тото место.

Двајцата македонски едриличари браќата Димитар и Дамјан Поп-Стефанија отпатуваа за Р. Италија каде ќе земат учество на меѓународната регата „Трофеј на Марчело Кампобасо“ која од 04-06.2010 год. ќе се одржи во Неапол.

Ohridnews